Приказната која расплака многумина: Последниот букет со цвеќиња за мојот роденден



Пет години по ред, Бејли си добива букет цвеќе за својот роденден.


Таа со своите пријатели на социјалните мрежи сподели фотографија објавувајќи дека овој прекрасен гест го прави нејзниот татко кој одамна е починат. Со брзина на светлината фотографијата се рашири по социјалните мрежи и расплака многумина.

-Кога имав 16 години мојот татко почина од рак. Пред смртта тој платил во цвеќара секоја година до полнолетството да ми стигнува букет цвеќе за мојот роденден. Ова е мојот 21-ви роденден и го примив последниот букет. Многу ми недостасуваш тато, напиша девојчето.


Овој гест на нејзниот татко собра милион ипол “лајкови“ на Твитер.

devojcetatko2
devojcetatko3