Приказна за перото и животот на Наташа Алексовска



Автор: Наташа Алексовска, Трепетот на душата


Животот е како едно најобично, едноставно перо кое откако ќе се родиме ги испишува нашите страници од животот и ги пишува сè додека сме живи.

Ах, и оваа перо кога би можело самото да се отвори и зборува наместо нас, многу работи би напишало и кажало.


Без него не можеме да го замислиме денот бидејќи за што било да запишеме ни треба перо.

И, така како секој ден растеме, перото испишува нови страници од нашиот живот.


Полнопати знаеме да паднеме, идеалното го нема и не постои никаде, кај секој човек има успеси и падови, победи и порази, тоа е нормална работа и дел од нашиот секојдневен живот.

Тогаш, во тие моменти, може перото да запре или испушти повеќе мастило отколку што треба, но како и да е, ние по секое паѓање повторно стануваме, ќе станеме кога-тогаш и продолжиме со живеење на нашиот живот, нашето перо ќе продолжи со пишување таму каде што застанало.

Кога мислиме дека сме станале свој човек, тогаш може да се случи некоја трагедија, животот ни згаснува за миг, со тоа и перото ја завршува својата приказна, става ТОЧКА и КРАЈ на приказната бидејќи перото не може само да пишува туку со него треба да управува човекот.