Приказна за девојката со скршено срце, но со челична насмевка



Јас бев девојката со скршено срце, но со челична насмевка.. Уште едно парче од срцето загубив но продолжив понатаму да чекорам цврсто верувајќи дека љубовта ме чека некаде таму…


Сите машки се исти, мото кое никогаш не сакав да го изговорам, затоа што ако тоа беше вистина мојата другарка немаше да ужива во љубовта на својот живот..

Растена во пристојна фамилија, со пристојни примања и со љубов колку што ти душа сака… ееее таква сакав да е и мојата фамилија..но, животот не секогаш ни го дава она што го посакуваме.. Пристојна фамилија да… со пристојни примања па и не баш, имавме многу повеќе од што имаа сите во моето опкружување, а љубов? Колку да преживееме…


Секогаш трагав по она што неможев да го имам, а го имав она што не го сакав.. Да.. така мислев.. се додека не го загубив тоа што го имам.. И така.. незнаеме што имаме се дур не го загубиме.. а јас постојано го загубував она што сакам да го имам..

А како почна се?
Со солзи.. така и заврши.. Солзи радосници-солзи тажници.. Толку исти а сепак различни… И што потоа?
Ништо.. повторно се обидуваш од почеток.. Надевајќи се дека нареден пат ќе биде подобро.. и пак..
Јас бев девојката со скршено срце, но со челична насмевка.. Уште едно парче од срцето загубив но продолжив понатаму да чекорам цврсто верувајќи дека љубовта ме чека некаде таму…


И постојано чекорев, а сепак тапкав во место. Барав да го најдам она што никој го немаше, секој го посакуваше, а некој го добиваше..

За мене, секој ден беше 1 април. За мене секој ден беше борба со внатрешната болка и очај.. за мене.. секој ден беше нова дупка во која паѓав.. За мене? немаше надеж.. Можеби затоа што немав желба, а ни мотив да продолжам понатаму.. иако чекорев..

Челичната лејди, беше личност на која и завидував и сакав да бидам како неа.. Да ми биде сеедно за се, а сепак грижа за себе…

Во него го видов животот.. не не.. лажам.. во него не видов ништо што дотогаш го немав видено..
Со него бев.. само поради тоа што немав што да правам со себе..

Јас повеќе неможам да те чекам..- ми рече и ме натера да бирам..

и се знаеше што ќе одберам.. да се обидам да бидам среќна.. и дека доколку дадам се ќе добијам бар малце од она што го посакував.. Среќна и заљубена двојка какви што постоеја на секој чекор во градот..

и.. како што велеше еден мој драг пријател потоа..

Се стопи во туѓи прегратки, заспа од туѓи бакнежи мислејќи дека и се повеќе од доволни за прекрасните моменти да траат и запаметат… Се разбуди откриена, со уништена шминка, разголена душа и празна постела.. А вредеше ли?

вие кажете ми…

Извор