Приказна од таксист што ќе ве расплаче: Мојата ќерка која почина пред четири години, многу наликува на тебе и беше на иста возраст …



Навидум обичен ден, во кој брзав за да стигнам на аеродром, ми се претвори во ден полн со емоции и чувства.
Седнав во таксито и го прашав возачот дали можам да седнам на предното седиште, тој одговори, „секако!“Додека се возевме, тој ме праша зошто патувам, реков за работа. Потоа ме праша дали сум околу 28 години. Му одговорив дека имам 27.
Следното нешто што се случи е дека неговите очи се наполнија со солзи. Го прашав зошто плаче, а тој ми одговори:
,,Мојата ќерка која почина пред четири години, многу наликува на тебе и беше на иста возраст.
Ме потсети на неа. Несреќата да биде уште поголема, почина и таткото на моето внуче. Веројатно од жал по ќерка ми.
„Посакувам да можев да направам повеќе. Зошто не можам да ја вратам во живот? Зошто не знаев дека нејзиниот сопруг тивко страдаше? Како не успеав да копам понатаму за да дознаам и да можам да помогнам? Посакувам да можев да сторам повеќе.
Сега е доцна “.Разговаравме како да се познаваме целиот живот, во тие 25 минути возење до аеродромот.Како пристигнавме, го погледнав, солзи ми се тркалаа по образите. Моето срце се стопи. Тој погледна во мене, со неконтролирано плачење и рече:
„Жал ми е за сето ова. Никогаш не сум сретнал некој толку љубезен, толку пријателски настроен и чувствителен. Посакувам да те гушнам, но познавам многу луѓе кои не сакаат прегратки.

Текстот продолжува на следната страна:

Страни: 1 2