Приказна која за минута ќе ви го промени животот!



Ова е приказна за двајца мажи кои делеле соба во болница. Секој ден, човекот кој беше поблиску до прозорецот му раскажуваше на неговиот пријател што гледа надвор. Му опишувал во детали: “Денес, гледам убаво изгрејсонце.. . децата си играат надвор…дрвјата се расцветани…“
Другиот човек не можеше да стане од креветот , па не можеше да исчека да слушне што сеслучува надвор.
Тоа беше светлата страна во неговиот ден. Еднаш, човекот му раскажа како гледа парада која поминува, оркестар и деца кои слават и се забавуваат.
Ова траеше неколку недели се додека еден ден човекот кој беше блиску до прозорецот не умре.
Неговиот пријател ја праша сестрата дали може да го премести на креветот покрај прозорецот за да може да ужива во сите убави сцени за кои слушаше од неговиот пријател.Сестрата го премести, но кога погледна низ прозорецот , на негово изненадување , виде само ѕид од цигли.


Страни: 1 2