– Добро вечер. Документите ве молам.
Ги извлече полека документите од внатрешниот џеб и му ги подаде на полицаецот.
– Повелете…
– Господине, знаете ли зошто ве застанав?
– Не би знаел, стварно…
– Возевте многу полека. Овде е зона 50 а вие возевте едвај 20км/ч
– Се извинувам, навистина…
– Сте пиеле ли нешто. И ве молам не ме лажете
– Пиев. Ама не знам колку.
– Ајде ве молам излезете од возилото
Човекот излезе полека и застана пред полицаецот.
– Ајде застанете на една нога и со показалецот на десната рака допрете си го носот.
Тој без проблем го направи тоа, останувајќи сосема стабилен.
– Ама вие воопшто не сте пијан господине.
– Можно е. Не би знаел, навистина доста испив.
– Би сакале ли да дувате или сакате да ве носам во амбуланта?
Продолжува на втората страна
Страни: 1 2