Причините поради кои треба да имате пријател маж



Дали навистина постои искрено пријателство помеѓу маж и жена можеби никој не може да каже со сигурност. Еден од најголемите ризици со кои се соочува овој тип пријателство е љубовниот занес.


Сигурно сепак има многу луѓе кои сакаат да ги заборават љубовните возбудувања, за да ги задржат пријателските односи, кои понекогаш се градат со годините. Во таа смисла можеби навистина може да има пријателство помеѓу жена и маж.

Која е сепак користа на една дама од пријателството со маж и зошто таа треба да има токму таков пријател до себе?


Еве и кои се причините поради кои вреди да имате пријател маж, вели весникот тиалото:

1 . Тие можат да влезат во улогата на мажот.

Да имате таков човек до себе и да знаете дека можете да се потпрете на него е многу важно, особено ако сеуште не сте го пронашле вистинскиот човек. Покрај тоа ќе се познавате толку добро со вашиот пријател, што нема да се чувствувате непријатно, што и да треба да правите заедно.

2 . Ќе ја ограничите „драмата“.

Обично пријателствата помеѓу жените се емотивни и драматични, бидејќи дамите вложуваат повеќе на чувства и емоции. Иако понекогаш тоа да е од корист за пријателството, во повеќето случаи повредуваме. Со мажот пријател, меѓутоа, нема да имате непотребни драми. Таму работите се јасни и прецизни.

3 . Ќе немате машка гледна точка.

Дури и да имате богато љубовно искуство, повторно не може да бидете сигурни дека сте свесни што се врти во машката глава. Да имате маж пријател е огромна предност. Тој ќе биде инструмент со чија помош ќе можете да ѕиркате во главите на објектот на вашиот интерес и да дознаете што навистина се случува.

4 . Располагате со потенцијален старосват.

Најлојалните пријатели од спротивниот пол се едни од најуспешните сватови! Тие знаат што сакате вие и што заслужувате. Затоа тие веднаш би ви запознале со некого, ако сметаат дека со него ќе си одговарате.

5 . Човекот господар.

Додека вашите пријателки секогаш можат да ви помогнат со шопинг или дилемата што да облечете вечерва, вашиот пријател маж може да ви ја смени гумата или да ви помогне со пренесување на тешки предмети. Ако сеуште не знаете како да смените прегорена сијалица, барем имате некој кој ќе го направи тоа за вас.

6 . Добивате искрени совети.

Обично мажите пријатели се многу добри во давање совети во конкретни ситуации. Од нив може да очекувате максимална отвореност и мислење без трикови.