Причините на некои девојки, кои не сакаат брак



Без разлика што вели твоето семејство, твоите омажени пријателки и твоите познаници, постојат многу причини поради кои една жена може да не сака да склучи брак.


Обично сме навикнати дека мажите се оние кои се плашат и бегаат од бракот и создавање на семејство. Се повеќе жени сепак застануваат на оваа позиција. И можеби има зошто, имајќи го предвид фактот дека процентот на разводите се покачува. Сепак не е ли подобро воопшто да нема брак, отколку по него да дојде и разводот?

Ако вие сте од жените кои не сакаат да се мажат или барем не во наредните години (иако според зборовите на другите да ви е време), еве кои се причините со кои спокојно би можеле да се “оправдате”, велат од весникот „тиалото“.


1 . Имате цели на професионален план. Некои жени се фокусирани главно на работа и едноставно немаат доволно време, а и желба за сите активности поврзани со бракот.

2 . Не сте подготвени за моногамија. Некои дами едноставно не можат да замислат да го поминат остатокот од својот живот само со еден маж. Тоа не значи дека тие се хаотични во љубовен план, но самата помисла за доживотна моногамија ги плаши. Наместо да страдаат во тишина или неверство, некои жени преферираат да избегнат брак како целина.


3 . Сложен развод. Реално гледано, разделбата може да биде толку болна како и разводот. Процесот при официјалната поделба на двајца луѓе сепак е многу сложена и скапа.

4 . Вие сте себични. Можеби тоа се жените, кои не се подготвени да прават компромиси поради некој друг. Можеби тоа се жени кои не сакаат да се помират со несредениот сопруг. Тие го ценат своето време, своите желби и претежно удобниот живот, кој сами го создале .

5 . Се држите на својата независност . Некои жени живееле сами предолго време и тешко им доаѓа помислата дека нивниот сопруг ќе ја ограничи нивната независност. Дури овој чин да не биде насилен, факт е дека секогаш има усогласување со другиот човек. Секој човек има право сам да одлучува на каков начин да живее.