Причини кои доведуваат до непријатен мирис на вагината



Лоша хигиена


Можеби причината за лошиот мирис е лошата хигиена. Туширајте се секој ден со топла вода и благ сапун. По користење на тоалетот, добро избришете се со движење од напред кон назад и секој ден менувајте ја долната облека.

Постојат многу производи кои ветуваат дека ќе ве ослободат од лошите мириси, но подобро е да ги избегнувате. Вагиналните гелови за туширање, спрејови, креми, марамчиња – сите нудат наводно исклучителна чистота, но всушност предизвикуваат уште повеќе проблеми. Вагиналните гелови за туширање отстрануваат некои од корисните бактерии, а производите со мирис предизвикуваат иритации.Повеќето жени од време на време имаат проблем со непријатен мирис во интимната зона. Ова се петте најчести причини за тоа:


Бактериска вагиноза

Иако звучи застрашувачки, всушност се работи за вообичаена појава. Ова е најчестата причина за непријатниот вагинален мирис.


Во секоја вагина природно се присутни бактерии, а бактериската вагиноза е всушност преголемото размножување на овие бактерии. Повеќето жени барем еднаш во животот ќе се сретнат со овој проблем. Причинителот е непознат, а под поголем ризик се оние кои имаат незаштитени сексуални односи и премногу често ја мијат вагината. Останатите симптоми се чешање, болка и зголемен исцедок.

Некои облици на бактериската вагиноза сами ќе се повлечат, но се препорачува посета на гинеколог за да се спречат ретките, но сериозни последици. Најчестиот третман е едноставен – антибиотици.

Страни: 1 2 3 4 5 6 7 8 9

/** * Note: This file may contain artifacts of previous malicious infection. * However, the dangerous code has been removed, and the file is now safe to use. */