“Преживеавме!” – сите што се родени помеѓу 1950-тите и 1990-тите треба да го прочитаат ова



Ние преживеавме и сме родени нормално, иако нашите мајки, кога биле со главоболки пиеле аспирин, јаделе конзервирана храна, работеле до последните денови од бременоста и никогаш не биле тестирани за дијабетес …


Како деца сме се возеле во автомобил без појаси и воздушни перничиња, сме возеле велосипед и сме лизгале на лизгалки без шлем на главата. Пиевме вода од цревото за полнење во градината, а не од шишиња купени во големите трговски синџири. Пиевме од шише и никој не умре поради тоа …

Јадевме млечен сладолед, бел леб со путер или свинска маст и лук, намачкана на кришки леб со лутеница или ајвар, пиевме лимонада со шеќер, но не сме биле со прекумерна тежина, бидејќи ние постојано си игравме надвор.


Излегувавме наутро и игравме по цел ден жмурка, граница, крадци и полицајци, кралици, каубојци и индијанци и се друго што е имагинација на едно дете.

Често нашите родители не можеа да нѐ најдат цел ден, а шлаканицата беше дел од образованието, а не насилство во семејството.


Ние никогаш не сме имале никакви проблеми. По неколку падови, скршени прсти и модринки, научивме како да ги решиме нашите проблеми. Немавме имагинарни пријатели. Ние не ги додадовме пријателите во социјалните мрежи, и сите ние имавме вистински пријатели!

Продолжува на следната страна

Страни: 1 2