Превенцијата од силувањето во нашето општество



Се почесто слушаме како некоја девојка или некоја жена била силувана. Дури и со иницијали напишана и од кое место е. Доволно и бил пеколот што го преживеала па сега треба и иницијалите да и се вртат по медиуми. И се разбира осуди од околината зошто сеуште се носиме со тоа дека сама си го барала, дека кучето не трча по кучката што не мрда со опашката, таа прововирала и така приказни, епитети, до бескарај, а со тоа се зголемува бројот на црната статистика.

Секој сајт , секој магазин, пишува за здрава храна, негувана коса, емисии на телевизија на истите теми, а никој за превенцијата од сексуални деликти. Па толку има невработени криминалисти (детективи) нели некој може да го работи овој проблем? Баш превенција од сексуално насилство.

И се така здравје, па здравје, а никој не помислува да каже за физичкото здравје на жртвата, душевнотo здравје, последиците, како да се санираат тие последици, колку толку.

Не секогаш сторителот е психички болно лице, во најголем број случаи е психички здраво лице, и познат на жртвата. Често пати несвесно со сликите на социјалните мрежи и со пласирање на информации од каде е, каде живее, па допишување дури и состаноци за запознавање, девојката или жената е жртва на силување. Но не само тоа… Колкав е бројот на присилување на проституција од страна на шефот каде женската личност работи како келнерка, фризерка, масерка,секретарка, итн итн… колкав е бројот позади овие фирми да се крие нешто друго?! Никој не пишува или зборува за темните улици, неосветлени надвозници, влезови на згради и заглавување на лифтови… Но не треба да заборавиме да ги наведеме и силувањето од омраза,(криминал од омраза) како што се омраза спрема женскиот пол, спрема жени припаднички на друга религиска и етничка припадност, силување на жени според сексуална ориентираност, според возраста… Врз личноста на сторителот влијаат многу фактори ( недогени и егзогени), голем број на сторители се водат од мотивот на невозвратена љубов или недобрите односи со мајката, па така силуваат припаднички на женскиот пол со слични карактерситики на својата мајка или сакана ( возраст, професија, физички изглед). Но не можеме да ја занемариме и виктимологијата на жртвата колкав е нејзиниот придонес да таа биде силувана. Начинот на облекување, наинот на живот, дали му ветила врска или брак на сторителот, прељуба, итн.. Но сепак никоја припадничка на женскиот пол НЕ СМЕЕ ДА БИДЕ СИЛУВАНА.

Не смееме да ги занемариме и брачните и вонбрачни силувања. Дури голем број жени незнаат дека законодавецот не ги поштедил и нив. Голем број на жени мислат дека тоа е обврска без нејзина воља да има однос со брачниот или вонбрачниот другар, без да знае за нејзините права. Според мене жените и девојките не се доволно едуцирани за тоа како да се заштитат од силување, а ни што треба да превземат доколку се случил тој немил настан.

Според мене треба да постојат повеќе пишувања, говорења и превземање мерки и дејствија на превентивен план, со цел спречува на кривични дела против половиот морал. Предавањата во училиштата од страна на полициски службеници, психолози, и социјални работници, предавања во високо образовните институции, и на работните места низ државните фирми , и државните. Кампањи меѓу полицијата и невладините организации, јавни трибини, флаери итн се само дел од преземените мерки, како лицето од женски пол да се заштити, како да го препознае сторителот, каде да се движи итн. Тука се и естрадните уметници кои преку спотови може многу да превенираат.

Жртвата треба да добие поддршка од семесјтвото да се охрабри да пријави во полиција. Но тука се отвора и прашањето дали им верува на институциите?! Треба да биде прифатена и вратена во средината, не отфрлена, барем малку да се санираат тие трауми, тие ноќни мори, навраќања на грозоморниот чин.

Но, да напоменам за нас како земја ова е сепак табу, нема кој да пишува и зборува, нема кој да обрне внимание на превенцијата на припадничките на понежниот пол од сексуално насилство а воедно и доколку се случи нема кој да ја поддри и охрабри, зоштопродолуваме со останеме на тоа со сама си барала…

Трајковска Даниела
Дипломиран Детектив
Студент на втор циклус студии на Безбедносни науки ФОН Универзитет