Престанете да ставате кисели краставички во руската салата. Еве зошто!



Не сме сигурни дека треба да им верувате на овие научници затоа што тешко би се откажале од руската салата на празниците, но слушајќи ги нивните аргументи …

Отстранете ги киселите краставички од рускиот рецепт за салатата за да ги одржите здрави, велат научниците од сибирскиот државен медицински универзитет.

Руските експерти сметаат дека салатата треба да се подготви според нов и здрав рецепт.

Заклучоците на научниот тим беа донесени во врска со проектот Училиште за здрава исхрана, кој се одржува во Русија.

Според тоа, нутриционистите од универзитетите во Русија откриле дека треба да избегнуваме да консумираме кисели краставички, заради високата содржина на сол.

Киселите краставици во руската салата како и секој друг солен производ предизвикува поголем апетит. Затоа, колку повеќе кисели краставици јадете, толку повеќе ја изострувате алчноста, велат научниците.

Ако одлучите да јадете повеќе руска салата на новогодишната ноќ, вашиот апетит ќе ви се зголеми, а тоа може да доведе до голем број на гастроинтестинални проблеми по празниците.

Други работи што можете да ги промените во традиционалниот руски рецепт за салата, според научниците, се мајонезот и саламите. Избегнувајте производи од продавницата кога подготвувате руска салата бидејќи се полни со транс маснотии.

Наместо мајонез, користете домашно јајце и масло. Наместо салама и шунка, додадете бело пилешко.