ПРЕДУПРЕДУВАЊЕ! Facebook брише профили



Facebook го избриша профилот на индијанец од Америка, бидејќи неговото име не било вистинско, пишува британскиот весник “Метро”.


Се испостави дека десетици луѓе од индијанско потекло, остануваат без профили на социјалната мрежа, бидејќи нивните имиња не звучат автентично. На пример Дејна Лоун Хил, што во превод звучи како „Дејна осамен рид“.

Шејн Крипијнбекер (или Шејн притаена Мечка) од племето во Оклахома изрази разочарување во Twitter. “Здраво на сите! Денес бев исфрлен од Facebook, бидејќи моето име било лажно. Среќен ден на Колумбо!”.


Според политиката на Facebook, корисниците треба да ги користат своите вистински имиња во профилите. Оние за кои се убедени дека користат нереални имиња, треба да обезбедат доказ за лична карта или свидетелство за раѓање.

Сепак од Facebook изјавија дека работат на слични случаи и сосема наскоро и луѓе со имиња како на Шејн Крипијнбејер ќе можат да уживаат без проблеми во социјалната мрежа.