Loading...

Предењето на мачката e лек за повеќе болести


За благодетите кои во нашите животи ги носат домашните миленичиња постојано се зборува, а предењето на мачките е една од водечките методи на лечење која овие грациозни животни ја применуваат врз своите сопственици, пишуваат од попара.мк.

Свесни за предвидените ефекти кои мачките ги имаат врз луѓето, вработените во асоцијацијата „Animal Care“ од Пакистан направиле корисен водич со информации со кој точно ќе ги дознаете предностите на мазата која ви се мотка околу нозете, иако понекогаш тоа и ве нервира.

Го намалува стресот

Вибрациите кои се создаваат за време на предењето на мачките делуваат седативно на нервниот систем на луѓето и така нè смируваат. На овој начин се намалува стресот и напнатоста која редовно ја чувствуваме по враќањето од работа.

Дијагностика со предење

Во светот лекарите стануваат сè повеќе свесни за „моќите“ кои ги поседуваат мачките. Имено, после низа истражувања, лекарите дошле до заклучок дека предењето на мачките се разликува во моментот на уживање и во моментот на предупредување на луѓето за одредена болест. Исто така, постои поврдена студија за видот на предење кој е поинаков во зависност од болеста.

Го намалува крвниот притисок

И крвниот притисок спаѓа меѓу работите кои мачките можат да ги регулираат. Не велиме дека можат да ги заменат лековите, но сигурни сме дека добро ќе влијаат на вас.

Ги зајакнува коските

Според зборовите на светските ортопеди, фреквенцијата од 25 – 200 Hz, која ја произведуваат мачките за време на предењето, е најдобра за зајакнување на коските.

Го намалува ризикот од инфаркт

Според последните истражувања на кардиолозите, сопствениците на мачки имаат 40 проценти помал ризик од инфаркт.

Отстранува отоци и инфекции

Експертите исто така тврдат дека силните вибрации кои мачките ги произведуваат влијаат на забрзување на циркулацијата, што допринесува за побрзо намалување на отоците и за елиминирање на инфекциите од оргазнимот.

Позитивно влијание врз лигаментите и мускулите

Многу професионални спортисти забележале неверојатно позитивно дејство од своите мачки во моментите кога им биле заморени мускулите или кога имале повреда на лигаментите и тетивите. Научниците успеале да ја потврдат оваа појава и преку истражување, па сега голем број спортски физиотерапевти им препорачуваат на спортистите што повеќе да се мазат со своите мачки кои ги чуваат како домашни миленици.