Правилата за образование на децата – Совети за среќно семејство од Кралската двојка Вилијам и Кејт



Макар и да се потпираат поголемиот дел од времето на својата дадилка – Шпанката Марија Тереса, принцот Вилијам и Кејт се стремат да бидат до децата во секој можен момент.


Во последните неколку години тие успеаа да ни ги откријат методите на воспитување, според кои малите Џорџ и Шарлот растат.

Сега, кога Џорџ е веќе на 5, малата Шарлот на 3, а третото дете, принцот Луј, се роди кон крајот на месец април оваа година, сакаме да ве запознаеме со сите правила кои Кејт и Вилијам ги почитуваат додека ги воспитуваат децата.


Сите емоции треба да се делат

Во последните години Кејт и Вилијам се посветија целосно на кампањата за подобрување на менталното здравје кај луѓето.


Токму затоа за нив е исклучително важно малите Џорџ и Шарлот да израснат во средина во која може да ги делат чувствата и емоциите слободно, без да бидат казнети или критикувани за тоа што мислат.

Модерни училишта

Вилијам и Кејт нарушуваат некои од најстрогите правила на Кралството, па ги испраќаат Џорџ и Шарлот во независни наставни центри во Лондон, а не во приватни училишта и интернати. Според нив, децата треба да учат во максимална природна средина, опкружени со соученици со различни интереси.

Страни: 1 2