Времето за добар сон е индивидуален поим, бидејќи на некои луѓе им требаат 5-6 часа, за да се наспијат добро, а на други и 8 часа не им се доволни.
Повеќето возрасни спијат околу 5-7 часа. Но, ако страдате од несоница – апчињата треба да се последното средство, кон што да прибегнете. Постојат многу ефективни начини за решавање на овој проблем.
Еве некои од нив :
Пред сè треба да се навикнете да одите на спиење во исто време. Така вашето тело е поставено во правилен ритам.
Пред спиење не треба да јадете многу. Јадете најмалку три часа пред спиење – храната во стомакот не може да се разградува добро, додека спиете. Целосен глад исто не е решение.
Добра физичка активност и свеж воздух – пријатна прошетка пред спиење е добро решение за несоницата.
Правилото на трите Т – темно, тивко и топло. Задолжително треба да присуствуваат во вашата спална. Отсуството на светлина е задолжителен услов за добар сон. Некои од механизмите на комплетен одмор се активираат само на темно. Ролетните и завесите не треба да ја пропуштаат светлината од уличните светилки и раното сонце.
Често се случува најразлични звуци да се појавуваат во неуместен момент и да го попречуваат сонот. Има само 2 начини да се справите со овој проблем : густи прозорци и Earplugs.
Посветете внимание на температурата во спалната соба. Ако ви е ладно – ќе имате проблеми со спиењето.
Непроветрената соба е уште еден проблем. Проветрувајте ја собата пред спиење, па дури и надвор да е ладно.
Емоционален замор – најголемиот непријател на сонот. Сигурно треба да се релаксирате пред спиење : прошетајте низ станот, слушајте релаксирачка музика, бањање со смирувачки мириси (рузмарин, мента, маточина, камилица). Во спалната соба можете да пуштите звуци на дожд или море.
Гледањето на акционите филмови доцна навечер и читањето на книги со лош заплет, го стимулира нервниот систем и затоа не ви дозволуваат да спиете мирно. Подобро прочитајте нешто смирувачко.
Посетете го тоалетот пред спиење. Така ќе биде помалку веројатно да се разбудите ноќе со потреба за мокрење.
Не користете алкохол за спиење. Тој ќе ви помогне да заспиете побрзо , но нема да се одморите добро, затоа што организмот ќе треба да го обработува.
Ставете во спалната рузмарин или здравец (супстанции кои помагаат за најдобро спиење).
Покрај сето напишано погоре, прекрасно е пред спиење да испиете чаша топол чај од врбинка или маточина, а смирувачко дејство имаат уште чајот од валеријана, лаванда и оригано. Обидете се и со чаша топло млеко со мед или чоколадо.