Правилата како да се заштитите од гриповите



Точно е дека при грип можат да настанат компликации – отитис, синузитис, пневмонија. Тие можат да се појават и по наједноставната настинка, и зависи од вирусот на каков терен паѓа.

Ако постојано мислите дека нужно ќе се разболите, и тоа со компликации, веројатно така и ќе стане. Бидејќи стравот и стресот го слабеат имунолошкиот систем. Лошите мисли, кога боледува душата, телото ја следи.

Разумен оптимизам значи човек да вложи напори да не се разболи, без да паничи. Грипниот вирус се шири преку воздухот при кивање, кашлање, говор и преку предмети. Затоа почитувајте ја личната хигиена, мијте ги често рацете, во градскиот транспорт само со ракавици допирајте ги загадените предмети.

Не посетувајте места со многу луѓе за време на епидемија, ако имате можност не ги пуштајте децата во градинка и игротека. Обрнете внимание на храната – повеќе овошје и зеленчук, Свежо цедени сокови, квалитетна природна храна (по можност), ореви, свежа риба, кромид и лук, билни чаеви.

Задолжително болниот треба да остане дома не само за да не ја шири заразата, но и за да се излечи брзо. Грипот трае 3-7 дена, почнува одеднаш со многу висока температура, треска, главоболка, мускулни болки и силен замор. Речиси задолжителни се и болките во грлото, сувата иритирачка кашлица, течење на носот.

Одморот во кревет му помага на организмот да се справи со инфекцијата. Антибиотиците се немоќни против вирусите. Тие дури може да ја влошат ситуацијата. Конзумирајте многу течности, пилешка супа, овошје, но не се присилувајте да се храните ако немате апетит.

“Слушајте” го своето тело, тоа знае што има потреба. Третманот е симптоматски, според потребите -лекарства против температура, главоболка, течење на носот, кашлање, витамини.