Правила за летен флерт и авантура



Летото е совршено годишно време за сингл дамите, опуштена атмосфера, летување на оддалечени места каде што никој не ве познава и летен воздух кој мириса на забава. Но внимавајте да не останете со скршено срце.


Еве неколку правила за летен флерт:

  • Идеи за возбудлив секси одмор

Летната авантура има рок на траење – од една вечер до три месеци. Пред да се впуштите о флерт, подгответе се на тоа дека вашата авантура еднаш ќе заврши.


  • Избегнувајте колеги

Воздржете се од авантура со пријател или колега. Никогаш не треба да започнете нешто со личност која треба да ја гледате секојдневно кога летото ќе се заврши.

  • Поставете граници

Објаснете дека сè што сакате е забава и бидете сигурни дека тоа го сака и партнерот. Секако, тоа и вам треба да ви биде јасно.

  • Не очекувајте премногу

Ако минатата година сте имале незаборавна авантура со момче/девојка од местото каде што сте летувале, не очекувајте дека тоа ќе се повтори ако повторно го одберете тоа место за одмор.

  • Заштитете се

Летото е период кога голем број луѓе имаат незаштитени сексуални односи, поради што може да се случи несакана бременост или да заработите сексуално пренослива болест. Не дозволувајте тоа да ви се случи.