Познатиот готвач Џејми Оливер состави листа на неколку видови здрава храна, со кои ќе живеете 100 години!



Познатиот британски готвач Џејми Оливер ја откри тајната како да живеете до 100 години.


Гуруто во кулинарството состави листа на видови здрава храна која ќе ви помогне да водите долг и квалитетен живот.

40-годишниот мајстор, кој е татко на 4 деца, ја посети Костарика, Јапонија и Грција и се запозна со навиките за јадење на локалните луѓе.


Според него храната како јајца и риба, која се наоѓа во речиси секој фрижидер, е во листата со суперпродуктите, иако постојано е неправедно запоставена. Меѓу другите суперхрани се уште производите од соја тофу, црн грав, компир и пиперки чили.

“Не станува збор за гоџи бери и бионапитки. Станува збор да се готви со едноставни храна. Обично тоа се едноставни производи, од кои се прават елементарни јадења. Тие се едни од најпознатите вкусни јадења кои сум ги правел”, раскажа Џејми пред почетокот на неговата ТВ серија.


Тој открива дека повеќето стогодишници имаат заеднички навики во исхраната. Главното било дека јаделе месо не повеќе од 2 пати во текот на неделата. Друга корисна навика била дека обично јаделе повеќе појадок и помалку на вечера.