Познати оперски арии за борба против СИДА-та



Х.Е.Р.А. во соработка со Македонската опера и балет вчера, по повод Светскиот ден на борба против СИДА-та, организираше хуманитарен концерт под слоганот „ХИВ не засега сите! Тестирај се за ХИВ! Поддржи ги лицата кои што живеат со ХИВ!".


 Сите донирани средства, преку продажба на билетите за овој концерт кои чинеа 1200 денари и се донираа преку жиро сметка, се наменети за лицата кои што живеат со ХИВ.

Оваа хуманитарна акција ќе обезбеди  медицински материјали неопходни за нивниот третман кои недостасуваат во Клиниката за инфективни болести и фебрилни состојби во Скопје,  како и материјална социјална помош во вид на пакети од основни производи за храна и хигиена на лицата со ХИВ што живеат под линијата на сиромаштијата (во текот на 2012 год.).


На концертот земаа учество солистите на МОБ: Дејан Стоев Сандра Митровска Зоран Сотиров Весна Ѓиновска-Илкова Ѓорѓи Цуцковски и Славица Петровска – Галиќ, а тие изведуваа познати  арии од оперите “Дон Џовани”, “Веселата вдовица”, “Кармен”, “Тоска”, “Веселата вдовица” и други.