Да ја делиме постелата со некого е корисно за нашето здравје. Ова го покажуваат резултатите од анкетата на Андреа Петерсен, претставено во изданието “The Wall Street”. И тоа не е сè, вели Венди М Троксел од Универзитетот во Питсбург за “The Wall Street”.
Некои научници ја поддржуваат хипотезата дека спиењето во ист кревет со човек со кого се наоѓаме во блиски односи, го продолжува нашиот живот во споредба со оние кои заспиваат сами.
Спиењето заедно со партнерот го засилува чувството на сигурност и заштита, а тоа го намалува нивото на кортизол – хормонот на стресот.
“Кога постелата ја делите со некого, ја намалува количината на цитокини, одговорни за некои воспаленија и се зголемува окситоцинот – т.н. хормон на љубовта.
Истражувањата покажуваат уште дека жена која има стабилна врска, заспива побрзо и ноќе се буди поретко отколку самохраните дами или оние чиј социјален статус се променил за време на експерименталните набљудувања.