
Знам дека повеќето ќе ве фати новогодишна еуфорија. Ќе се купуваат подароци, украси, пакетчиња… Но, голем дел од дечињата во Македонија не можат да си дозволат ни тазе леб, а подароците им се огромни неисполнети желби. Затоа, дајте заедно да ги направиме среќни овие деца за празниците. Одвојте малку од вашиот буџет, нека биде тоа макар и минимално и бидете нечиј Дедо Мраз. Купете подарок кој некое дете ќе го направи најсреќно на цел свет. Пакетче, играчка, облека, сликовници, украси… на овие дечиња кои живеат во социјален ризик се им е потребно и верувајте дека нивната насмевка и радост е непроценлива.
Минатата година, Проект Среќа собра 3500 подароци од хумани граѓани кои потоа Дедо Мраз ги однесе кај секое од овие деца. Годинава, да го срушиме рекордот- приклучете се и вие во хуманата мисија #ИЈасСумДедоМраз. Во наредниот период ќе има неколку пунктови каде ќе може да оставите подароци,во недела во Зоолошка од 12:00-16:00, до 17-ти декември во Нано Бар, или пак лично во канцелариите на Проект Среќа.
Да донесеме радост кај дечињата кои живеат во навистина тешки услови: