Потребни ви се 15 минути: Пробајте ги овие превкусни кифлички со павлака



Помешајте го топлото млеко со квасецот и шеќерот и оставете ги да се запенат и подигнат.


Во садот во кој ќе ги месите кифличките, помешајте брашно, прашок за печиво, сол и додајте масло. На крај, измешајте ја павлаката, а потоа додајте го и квасецот.

Замесете мазно тесто и веднаш поделете го на 4 дела.


Секој дел израмнете го на маса и со сукало истенчете го до половина сантиметар дебелина.

Исечете 8 триаголници, наполнете ги по желба или оставете ги празни, па свиткајте ги кифличките.


Распоредете ги на тава за печење, премачкајте со жолчка од јајце и проросете зачини.

Печете 15 минути, додека не заруменат.

Извор: попара.мк

Страни: 1 2