Потпишувајте ги документите со Телеком од дома, за непречено функционирање на вашиот бизнис



Дигиталното работење од дома не е новост денес, кога комуникациската технологија пружа неограничени можности. Но, во моментов, заради мерките за превенција, милиони луѓе работат од дома, а бизнисите се ставени во ситуација кога многу брзо треба да ја префрлат целата работа онлајн.


Во овие услови, се јави потреба за дигитално потпишување документи (формулари, барања за активирање услуги, договори, анекси…), за да се избегне лично присуство на потпишувањето, заради заштита на здравјето на вработените и клиентите.

Македонски Телеком им овозможи на деловните корисници поднесување барања и договори за услуги на Македонски Телеком преку порталот за електронско потпишување кориснички документи. Корисникот, единствено треба да поседува дигитален сертификат за електронски потпис. Со тоа се обезбедува брзина, ефективност, ефикасност и пред сè овластен пристап согласно воспоставениот процес на автентикација и авторизација на корисниците, а пристап имаат само овластените вработени од Македонски Телеком и компанијата корисник. На овој начин компаниите добиваат поголема ефикасност на работните процеси и операции, намалени трошоци и поголема безбедност на е-документите. Сето ова придонесува кон зголемување на перформансите, поголема конкурентност, но и бенефити за соработниците, клиентите, корисниците.


Веќе не се поставува прашањето дали треба да ги инкорпорираме новите дигитални услуги, туку колку брзо и какви сѐ напредни инфрастуктурни решенија и услуги ќе користиме. Технологијата има големо влијание на бизнисите, а какво точно ќе биде, зависи од тоа колку брзо ќе се прифатат промените. Едно е сигурно, комуникациската технологија оди и ќе оди напред. На претприемачите останува да решат дали сакаат и понатаму нивните компании да останат во игра на постојано растечкиот пазар.

Дигитализацијата на бизнисите не е нешто ново, а во овие услови на социјална изолација се единствениот пат кон успешен бизнис.