„ПОТОЧИЊА 2022“ на 18 и 19 јуни во Филхармонија!




Многу нешта ги радуваат децата, — прегратки, шеги, игри, забава, другарување, но танцувањето и пеењето им се можеби омилените. На прагот од летото, детските желби ќе станат реалност, — „ПОТОЧИЊА 2022“ и официјално ќе се одржи на 18ти и 19ти јуни во Македонска Филхармонија, – најубавата вест за сите дечиња.

Новото претстојно издание на „ПОТОЧИЊА“, како еден од најпознатите детски музички фестивали, е време за повторно дружење на големата сцена. По три години, без никакви ограничувања и рестрикции, на „ПОТОЧИЊА 2022“ повторно ќе протечат и ќе се разлеат нови игри, песни, насмевки и радости на голема сцена и пред несомнено полна сала.


Фестивалот ќе се одржи во три достапни термини на 18.06.2022 (сабота) и 19.06.2022 (недела), односно со почеток во 11:00 часот, 13:00 часот и во 19:00 часот.

Билетите се веќе во продажба преку продажната мрежа на МК ТИКЕТС, како и онлајн на следните линкови: https://www.karti.com.mk/potocinja-2022.nspx и https://mktickets.mk/event/potocinja18/.


За првпат во Филхармонија и за првпат наместо да се пречека, детските песни ќе ја испратат пролетта со песна. Организаторите најавуваат голема забава и вистински детски спектакл. Најубавата вест конечно пристигна.

За повеќе информации: https://www.facebook.com/Potocinja/photos/a.183380651707447/5482372168474909