Постојано ја прашувале кога ќе роди дете: Со една фотографија и моќна порака им ги затворила устите



Мили Бингам со кратка порака ги замолчува сите оние кои слободно ги преплавуваат жените со прашања за раѓањето на деца.


33-годишната Американка доби аплаузи од илјадници жени откако објави фотографија од ултразвук на Фејсбук, а во описот ја напиша следната порака:

„Здраво на сите! Сега, кога го придобив вашето внимание со оваа ПРОИЗВОЛНА ФОТОГРАФИЈА ОД УЛТРАЗВУК што ја презедов од Google, сакам пријателски да ви укажам дека репродуктивните планови и одлуките за раѓање дете на другите луѓе не се ваша работа. НЕ СЕ ВАША РАБОТА.


Пред да прашате млади брачни партнери кои се заедно речиси цел живот кога конечно ќе создадат семејство… пред да ги прашате родителите на мало дете кога ќе започнат да работат на помало братче или помало сестриче… пред да прашате сингл личност дали/кога тој/таа планира да има деца зашто часовникот отчукува… едноставно застанете. Ве молам застанете.

Не знаете кој се соочува со неплодност или тажи поради спонтан абортус или се справува со здравствени проблеми. Не знаете кој има проблеми во врската или е под огромен стрес или за кого едноставно тајмингот е погрешен. Не знаете кој е во дилема за тоа дали сака да има деца или дали да има повеќе деца.


Текстот продолжува на следната страна:

Страни: 1 2