Постои совршена жена брат. Не ми викај дека нема …



Постои совршена жена брат. Не ми викај дека нема. Тоа е онаа што кога на работа ќе помисли на тебе, неконтролирано и светнува насмевка и и се палат црвени образи, па колешките одма знаат што помислила и ја зајадуваат, дур она се брани со: „не бе шмизли, нема врска“. Тоа е онаа што на некое досадно предавање на факултет ги пишува твоето и нејзиното име у тетратка по стопати… твоето секогаш со појачани букви. Тоа е онаа што ти пишува зилион порачиња на ден само да ти каже дека нон стоп мисли на тебе. И на твоето едно срценце у порака ти одговара со милион. Тоа е онаа што ти ја зима главата и ја става на нејзините гради дур си лежите и си праите муабет какви очи ќе имаат вашите деца. Тоа е онаа шо знае како да те убеди стално да биде по нејзино, и плус да изгледа ко тоа да било твоја идеја. Тоа е онаа што се мршти кога и раскажуваш за некоја неправда на работа и се буни мафтајќи во воздух со стисната тупаничка: „друг пат акни му ја една на гадот еве вака“. Тоа е онаа што точно знае како да те изнервира дека ти ги знае сите слаби точки, ама одбира да не го прави тоа. Тоа е онаа што не ти излегува од мисли, па кога и да видиш некоја бомбастична стегната цуца, ќе си помислиш – „до глуждови не си и на мојана ма, до глуждови“. Тоа е онаа шо најубавото од ручекот секогаш го става во твојот тањир и со уживање те посматра додека сласно си мљацкаш. Тоа е онаа шо не и е тешко по стопати да провери у шкаф дали имаш добра комбинација за облекување. Па сабајле пола саат те мести и те средува за да излезеш од дома ко манекен. И не и е ич криво шо други цуци се загледуваат по тебе, зашто знае дека не ги ни погледнуваш. Тоа е онаа шо кога ќе цуцнеш некоја чашка повеќе со другари, не ти мрчи и гунџа, туку гледа само да те пикне во кревет да се наспиеш, а сабајлето ќе се смешка ѓаволесто и ќе те зеза шо не можеш да се освестиш ни после две-три кафиња дофрлајќи „аналгинче или две?“ Тоа е онаа шо ги прекрстува рацете и го прчи во лутина устето кога ќе заборавиш на годишницата од вашиот прв дејт. А веднаш потоа со вриштење ти бега и ти се крие по стан дур не ја стигнеш у два чекора, а после се кикоти и се кине од смеење кога ќе ја зграпчиш со шепите и ќе ја скокоткаш и ќе ја бакнуваш насекаде за да и надокнадиш што си бил толку смотан да заборавиш таков важен датум. Тоа е онаа шо не може да заспие кога ќе те фати грип, па само се мота околу тебе носејќи ти чајчиња и витамини дур мрмори нешто у стилот – „ти реков да ја облечеш подебелата јакна…“ Тоа е онаа што ќе ти изроди дечиња и нема ич да се лути дека личат на тебе. Тоа е онаа што после дваес и кусур години и самата ќе почне да личи на тебе. Тоа е таа што секогаш била само твоја. Тоа е совршената жена.


Комплет Колекционер 1-5

999 ден со бесплатна достава


www.dragantanevski.com/нарачки