И да не постите, дозволете си по еден здрав оброк во текот на денот.
Потребно:
2 чаши варен црвен грав
1 чешне ситко сечкан лук
1 главица ситно сечкан кромид
рен по вкус
масло
оцет
сол
црн пипер
ситно сечкан магдонос
Подготовка:
Сите состојки измешајте ги и испасирајте си или ставете ги во блендер.
Паштетата може да ја послужите со потпечени лепчиња или како прелив за варен ориз.