Единаесет бремености за Лаура Ворслеј завршувале во првото тримесечје, а покрај тоа изгубила уште две момчиња во 17. и 20. недела. Продолжила и понатаму да се бори и по 13 спонтани абортуси ја добила ќерката Иви.
Првиот спонтан абортус се случил во 2008. година, а откако се случило тоа и по трет пат, Лаура и нејзиниот маж Дејв од Велика британија знаеле дека нешто не е во ред. По четвртиот спонтан, откриено е дека Лаура пати од антифосфолипиден синдром, исто така познат и како „синдром на леплива крв“ кој може да предизвика повторување на губиток на бременоста, пишува порталот Среќа.
Тоа е автоимуна болест кај која имунолошкиот систем по грешка ги напаѓа некои од нормалните протеини во крвта.
Продолжува на следната страна