Популарниот бенд од југоисточнит крај – Bad Obsession ќе настапи на UNDERFEST 2019



Bad Obsession е бенд од Валандово којшто е формиран во 2015 година и првично се состоел од 6 членови коишто сега се само 4 (гитара,бас гитара, тапани и вокал). Тројца од членовите се од Валандово, а едниот е од Стојаково. Бендот се состои од:


Валентин Атанасов – ритам/соло гитара
Трајче Стојанов – Вокал
Ѓорѓи Стамков – тапани
Ѓорѓи Попов – бас гитара

Бендот е активен со свирки 2 ипол години од кога постои главно како ковер бенд и свири хард/хеви рок. Bad Obsession ќе настапат свои авторски песни во недела на 07 април, 2019-та година на фестивалот UNDERFEST во Скопје. Влезот за сите посетители е бесплатен.


ЛИНК од НАСТАНОТ – https://www.facebook.com/events/293336504797381/