Попладне во Македонија доаѓа ново невреме! Погледнете каде



Денес (11.08.2016) времето во Македонија во предпладневните часови ќе биде сончево и сеуште топло со умерена локална облачност, пишува метео24.мк.


Веќе од попладневните часови територијата на Македонија ќе започне да подпаѓа под влијание на влажна и студена воздушна маса од Север.

Поради тоа денес попладне и навечер облачноста ќе се зголеми и ќе има повремени локални врнежи од дожд.


Локално можнен е развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд и грмежи.

Во попладневните и во вечерните часови локално можно е процесите да бидат поинтензивни и во форма на невреме проследено со пороен дожд , силен ветер, силни електрични празнења и град.


Сепак овие процеси и доколку се појават ќе бидат со далеку послаб интензитет за разлика од тоа што го имавме во текот на изминатиот викенд.

Денес доцна попладне и навечер како и во петок ќе дува ЗАСИЛЕН , на некои места СИЛЕН ветер од северен правец кој ќе достигнува брзина од над 60 км/час и ќе предизвика пад на температурите за повеќе од 10 степени.

Сепак добро е да се предупреди поради силниот ветер кој се очекува Автомобилите да се заштитат. Односно да не бидат во близина на некои дрвја со цел да не дојде до некои материјални штети.

Температурата ќе се движи во интервал од 30 до 37 степени. Доцна попладне и навечер ќе започне значително да опаѓа.

Од петок па за време на викендот температурите ќе бидат далеку под просекот за месец Август и ќе се движат во интервал од 19 до 27 степени.