Понекогаш доаѓа некој и ти кажува : “Ти си ми се”



Понекогаш доаѓа некој и ти кажува : “Ти си ми се”
А тебе не ти е доволно, сакаш повеќе, пошироко, посилно ” Се” – тоа е неодредено, опфаќа добро и лошо. Сакаш да знаеш каков си тип и зошто некој би сакал да има се, нели е поубаво кога ќе остане нешто што треба да се посакува?
Понекогаш доаѓа некој и ти кажува: ” Те сакам” а ти бараш влакно во јајце, ставаш наочари, бараш дупки, несогласувања, анализираш, негодуваш, не веруваш и бараш појаснување зошто баш ти? Од кога тоа трае? Зошто е тоа така? Можеби би било полесно ако се заборави се тоа. Да се насмее како да е шала тоа “Те сакам”.
Бидјеќи многу работи смееш, освен љубов да прифатиш.
Понекогаш доаѓа некој и ти кажува: “Ми фалиш, ми требаш”
А ти се збунуваш. Не знаеш како да реагираш. Никогаш не си била потребна, посакувана, барана. Чудно чуство, готово да плаши, парализира. Не знаеш да се изјасниш, објасниш, покажеш… И на крајот се само расипуваш.
Понекогаш доаѓа некој и ти кажува :” Не те разбирам, не можам повеќе да те чекам”
А ти ништо не кажуваш. Од сите жени најтешка си за сакање. Не се вклопуваш, стално излгуваш од шини. Не знаат што да прават со тебе. Молчат во твое друштво, а тебе ти е криво што расипуваш се.
Сакаш да пружиш, да ја отвориш вратата која води до тебе, но се заглавила. И никој не отвара, никој не слуша…
Некој,
кога седиш неутешна, на скалите пред куќата, со брадата потпрена на рацете со погледот вперен надоле,
На крајот доаѓа некој и ти кажува : ” Не се плаши” Ти пружа рака и поред тебе е, ти ги следи несигурните чекори, те учи како низ животот, те подржува во тоа што го сакаш, не се откажува од тебе.
Па стануваш похрабра и самоуверена, затоа што кога ќе погледнеш позади тебе, некој тука стои и навива за тебе.
Не те присилува на ништо, само стои и посматра во што се развиваш. Одржува рамнотежа, а ти добиваш крила, леташ слободно не се плашиш, затоа што знаеш дека некој е сега тука, кој ќе те подигне после падот.
И одиш до него, да го гушнеш и се согласуваш на се. Затоа што некој дошол и ти дал време да се навикнеш.
Да не се плашиш.
И ти стануваш спремна за сакање.
Понекогаш доаѓа некој но не е важно што ќе каже, туку како прави да се чуствувате.


Автор: Дејан Велевски