Помеѓу сестри – сестрата е најдобрата наша пријателка



Без разлика од разликата во годините, безпогрешен брак или разделбата на родителите, сестрите се сестри.

Детството на сестрите е исполнето со игри и немири. Поголемата сестра љубоморно ја чува помалата, а таа својата сестра ја сака како пријателка. Најчесто сестрите уште повеќе се зближуваат, но и се караат во текот на своите тинејџерски години, поради фактот што помалата ја издава поголемата и не ги чува нејзините тајни. Но, тоа се менува со времето.


Сестрите кога веќе ги поминаа тинејџерските години растат и се повеќе почнуваат да си споделуваат многу работи. Помалата обично сака совет од поголемата, а поголемата се препознава себе си во грешките на другата. Се случува многу често и поголемата сестра да сака совет од најмалата.

Сестрите се многу повеќе од пријателки-сестрите се љубат безрезервно, па дури и да не го признаваат тоа. Дури патиштата да ги разделиле, сестрите секогаш си помагаат една со друга. Доаѓа моментот во кој разбираат дека ниту една девојка не те сослушува така, колку сопствената твоја сестра.


Сакајте ја вашата сестра! Таа секогаш ќе биде до вас, дури и кога родителите веќе нема да можат.