Помалку познати факти за клиторисот



Сите имаат слушнато за женскиот полов орган на задоволството – клиторисот, но не сите знаат детали околу неговото функционирање и намена. Тој во голема мера ја одредува женската сексуалност.


Клиторисот е патот што води кон женскиот оргазам, што го прави најмоќниот сексуален орган во женското тело. Тој не старее!

Факт № 1 – клиторисот е единствениот човечки орган, кој постои поради една единствена цел – обезбедување на сексуално чувство!


Факт № 2 – клиторисот на жената би требало да биде еквивалент на машкиот пенис во еволутивна смисла. Всушност тој се развил од истиот фалички израсток, каков што имаат и мажите, но кај жените тој е изменет во мал орган, богато опремен со нервни завршетоци, кој има функција само да ја возбудува сексуалната енергија на жената .

Факт № 3 – глансот на клиторисот обично е со големина на семки од сончоглед, а во неа се сместени над 8000 нервни завршетоци ! Тоа е речиси двојно повеќе отколку во глансот на машкиот пенис!


Факт № 4 – Поради слична структура со машкиот пенис клиторисот има потреба од специјална стимулација, која да ја доведе жената до оргазам. Многу жени не успеваат да стигнат до високиот момент само при вагинална стимулација, па затоа на помош доаѓа клиторисот.