“ПОМАГАЈ, СЕ ПОРАЃАМ“ – Во 3 часот по полноќ, и тропналe на врата на докторката Ивана


И тропнала на врата во три по полноќ и и рекла “Помагај се пораѓам!”. Тоа била бурна вечер за невработената лекарка Ивана Николиќ од Србија, која ја породила соседката од другото село, Јасмина Дреновак.

Јасмина ноќта меѓу четвртокот и петокот откако и почнале породилните болки, отишла кај невработената докторка, и тропнала на вратата и таа ја породила.

– Тргнав кон болница, мислев дека се лажни болки, но бебето почна да излегува, веќе немаше време. Потоа се сетив на Ивана, тропнав кај неа на врата, знам дека порано работеше во Итната служба, вели тазе печената мајка.

Вели дека докторката реагирала професионално и се не испаничила. Таа во дневната од својата куќа го донела на свет Александар кој има 2 килограми и 300 грама.

– Ставив ракавици, ја седнав на меко, никогаш не сум породила жена. Се породи онака школски, па морав да го штипнам бебенцето за да почне да плаче, вели таа.

Бебенцето е живо и здраво.