Поларната зима продолжува понатаму: Еве што не очекува наредните денови



Веќе облачност од југозапад започнува да се зголемува поради приближувањето на новиот влажен бран од Медитеранот. Оваа облачност до вечерните и ноќните часови ќе се прошири над целата територија на Македонија.


Во текот на претстојната ноќ кон утрешниот ден (вторник) или поточно према раните утрински часови кон утрешниот ден (вторник) во југозападните предели ќе започнат релативно послаби врнежи претежно од снег кој полека ќе се прошират и во останатите предели од државава.

Утре (24.01.2017) времето во Македонија ќе биде претежно облачно и релативно студено со повремени послаби врнежи претежно од снег. Само на некои од пониските места врнежите ќе бидат од дожд и од снег.


Повремено на некои места врнежите ќе имаат умерен интензитет со што снежната покривка незначително ќе се зголеми.

По котлините и понатаму ќе има магла и ниска облачност.


Ќе биде претежно тивко освен во западните предели каде што ќе дува слаб до умерен ветер од источен правец.

Минималните температури утре наутро ќе се спуштат во интервал од -8 до 0 степени.

Максималните температури ќе се искачат во интервал од -2 до 5 степени.

Временската прогноза ја подготви СЛАВЧО ПОПОСКИ!