Не покажуваш љубов кога ќе подариш,
Ружа, парфем, бомбоњера или некоја друга ситница.
Покажуваш љубов кога секој ден даваш до знаење дека ти е дојдено до некого.
Покажуваш љубов кога ќе се јавиш, пратиш порака прашаш како е.
Не покажуваш љубов кога се годишнини, важни датуми или големи празници.
Покажуваш љубов кога во твојте дела сепак ќе почуствува дека е посебна.
Покажуваш љубов кога си трпелив иако знаеш што ќе каже, кога не ја прекинуваш во говорот и причекаш кога треба и колку треба.
Не покажуваш љубов кога ќе допреш кожа, лице или коса.
Покажуваш љубов кога ќе допреш душа.
Покажуваш љубов кога ќе ја научиш дека се чува онака како што се чуваат највредните работи на светот, без многу пумпање и покажување, без преправање и претерување, онака чисто искрено и со многу нежности.
Не покажуваш љубов кога ја затрупуваш со различни поклони, работи кои после едно носење се фрлаат.
Покажуваш љубов кога ќе и допуштиш да биде тоа што е и кога ќе сфатиш дека од зборот љубов многу поважни се оние малите, секојдневни работи за кои си спремен да ги направиш за неа.
Автор: Дејан Велевски