Појадокот кој ќе ви помогне да ослабете



Независно од тоа што човекот ја ограничува храната за доручек, тоа не придонесува за губење на тежината, предупредуваат научниците од Универзитетот во Тел Авив во Израел.


Според резултатите од нивното истражување обилниот појадок дури го охрабрува симнувањето на вишокот маса. Жените кои тежат над нормата значително ја намалуваат тежината, од оние кои се прејадуваат навечер.

Во истражувањето учествувале 93 претставнички на послабиот пол, кои биле поделени во две групи. Натпреварувачките од првата група изеле по 700 калории на појадок, 500 калории на ручек и 200 на вечера. Втората група го правеле токму спротивното – консумирале околу 200 калории во почетокот на денот и 700 калории за вечера.


По 12 недели жените од првата група ослабеле во просек за шест килограми. А втората група учеснички, симнале само со 3,5 килограми. Освен тоа учесничките од првата група имале пониски нивоа на хормонот грелин, кој е одговорен за чувството на глад.