Секој човек си одржува лична хигиена. Или барем би требало да биде така.
Излегува дека хигиенските навики на доста луѓе се полоши отколку што тие мислат. Причината е дека не се доволно информирани и прават глупави грешки.
За да не бидете како нив, погледнете кои се штетните навики, на кои треба да се обрне внимание:
Поминувате премногу време во бањата – сигурно се прашувате што е проблемот. Вистината е дека тоа е можеби највалканиот дел од вашиот дом. Таму обично има над 5 милиони бактерии на квадратен метар, а повеќе од 1500 илјади бактерии на квадратен метар може да живеат во каналот на кујнскиот мијалник.
Не си го чистите редовно папокот – колку од вас посветиле посебно внимание на хигиената на папокот ? Излегува дека во папокот на човекот има над 2300 уникатни бактерии, меѓу кои над 1.400 се новооткриени за науката. Затоа одржувајте ја хигиената таму на ниво!
Внимавајте со некои козметички производи – сигурно сакате да имате чисто и мазно лице, но имајте на ум дека некои препарати, особено оние за борба против акните можат да ви наштетат. Акните се проблем под кожата, што ги прави предметните козметички производи бескорисни. Затоа подобро не претерувајте со нивната употреба или проблемите решете ги на друг начин.
Не си ја мијте косата секој ден – постојат луѓе кои не можат да замислат, а да не ја измијат косата секој ден. Експертите сепак советуваат тоа да се прави во неколку дена, а ако е императив да се прави често, задолжително да е со шампон наменет за секојдневна употреба. Колку почесто човек ја мие косата, толку поголема количина себум се произведува и косата станува уште помрсна за уште пократок временски период.
Исушете ги рацете со хартиени крпи, а не со фен – ако работите на место каде во тоалетите има фенови за раце, а не хартиени крпи, можеби, имате проблеми со кожата и ја чувствувате премногу сува. А и предметните фенови воопшто не се хигиенски. Кога човек не користи хартиени крпи, за да се исуши, неговите раце обично остануваат влажни, а тоа привлекува бактерии . Затоа подобро не ризикувајте и потрудете се рацете да ви бидат максимално суви, откако сте ги измиле.