Поголема шара на тапетите го отвора просторот во станот



Секое уредување на куќата не радува, бидејќи внесуваме нешто ново и поинакво. Ако ви здодеа бојадисувањето на ѕидовите, можеби е време да им се вратите на тапетите, бидејќи од нив може да имате повеќекратна корист.


Комбинација на бои и тапети со цртежи

Оваа комбинација е идеална, да речеме, за дневната соба бидејќи тапетите може да ги залепите зад каучот, а останатите три ѕида да ги обоите во некоја прикладна боја.


Соба со низок плафон

Постои решение и за овие проблеми. Во овој случај одберете тапети кои се потемни во долниот дел, а нагоре постепено осветлуваат, или пак шарата подолу е поголема, а нагоре се намалува.


Каде со тапетите со ситни шари?

Тапетите со ситно шари се идеални за спалната соба или голема бања. Во поголеми простории ситните шари не се истакнуваат многу и делуваат напорно.

Најчести грешки

Кај тапетите со пари важно е неколку пати да проверите дали деловите со сликите совршено се вклопуваат. Ако направите грешка,ќе имате голем проблем.