Погледнете како ќе изгледаат новите профили на Facebook



Луѓето посетуваат профили на Facebook над 4 милијарди пати на ден. Затоа најголемата социјална мрежа постојано бара нови начини за претворање на личните страници во најдобро место за градење на онлајн идентитетот и поврзување со другите.


Компанијата во публикација најави дека предвидува три основни подобрувања во приказот и содржината на Facebook профилите.

Првото од нив ќе “оживеат” нашите ѕидови во социјалната мрежа. Бидејќи луѓето создаваат и гледаат видео повеќе од било кога, од Facebook започнаа тестирање на нов чекор во очигледната еволуција на профилите – профилно видео. Деновиве ќе можете да снимите кратко видео, кој ќе може да се гледа секој пат кога некој посети профил.


Од компанијата појаснуваат дека нема да ја заборават профилната слика. Дури напротив – и таму се предвидуваат нови функции. Ќе имаат можност да се стави привремена варијанта на профилната фотографија.

Втората позначајна промена влијае на примарната содржина во вашиот профил. Сега полесно ќе можете да одлучувате кој што дел да гледа од информациите во вашата страница. Можете да го пополните и новото поле од еден ред наречено “Bio” (биографија). Во него се избира дали да се гледаат работите како професија и образование. Ќе можете и визуелно да нагласите она што е најважно за вас, како да изберете до пет слики “Featured Photos”, кои да се појавуваат во горниот дел на вашиот профил.


Третата обнова се однесува на дизајнот на вашиот профил во мобилна опција. Тоа ќе ја подобри формата на страната и ќе ги претставува подобро информациите за вас и вашите пријатели. Профилната слика и видео ќе бидат поставени во средината на профилот.