Марко Георгиев на својот Facebook профил објави дека екипата од „Медена Земја“ веќе присуствува на свеченото доделување на оскарите. Тој притоа ја постираше и фотографијата на која се гледа како нашите „ѕвезди“ изгледаат на најголемиот светски настан посветен на филмот и кинематографијата.
