Погледнете ја Ким Кардашијан пред операцијата



Ким Кардашијан ги изненади своите обожаватели со фотографија од нејзините тинејџерски години. Денес, ѕвездата е непрепознатлива.


Фотографијата е направена во автомобил додека патувала во САД. Ким е облечена во обична маица и панталони. Ја има пуштено долгата коса и има скоро незабележлива шминка со јасен сјај за усни.

Кардашијан се сеќава со носталгија на минатото: „Животот е едноставен … Јас овде имам 18 години и заедно со Клои патувавме во Аризона“, гласи насловот на фотографијата на Ким.


Ким, исто така, сподели фотографија од забавата за започнувањето на нејзината нова линија за козметика, која ја разви со Вини Харлоу – таа се насмевнува и ја гушка Парис Хилтон.