Македонската ситуациска комедија Преспав досега има прикажано вкупно четири сезони, а доброволно била снимена и прикажана вонредна епизода посветена на пандемијата на коронавирус.
Во серијата е прикажана семејната приказна на браќата Бузалевски, кои отвораат пансион во преспанскиот регион благодарение на средствата добиени од фондовите на Европската Унија. Пансионот „Преспав“ е метафора на реалните општествени случувања во Македонија во кои се прекршува балканскиот менталитет од кој ликовите не можат да избегаат и желбата да се почитуваат и да се воспостават европските стандарди. Ваквата ситуација ги става ликовите во постојан конфликт и недоразбирање од кои произлегуваат комични ситуации во кои се препознаваат и самите гледачи. Секоја епизода има нова тема, нов проблем, нов конфликт и нова разрешница.
Екипата веќе ја сними и петтата сезона, а излезе и новиот тизер трејлер за истата. Предлагаме да го погледнете: