Погледнете го најновиот спот на Тамара Тодевска за песната „Совршен крај“



Најновиот спот на Тамара Тодевска за песната „Совршен крај“ помина без нејзино учество. Воспотот игра докажаната актерка од МНТ, Катерина Шехтанска и штотуку дипломираниот актерод ФДУ, Тони Денковски. Tекстот на песната не кореспондира со содржината на приказната. Од текстот на песната еискористен лајтмотивот за несреќната љубов.

Спотот раскажува за една интригантна љубов,што е огромен товар врз постигнатото и создаденото во животот на една жена. Спотот  е  во  реализација  на  Горила  Филм  –  преку  новиот  закон  за  субвенционираникомпозиции.  Музиката е дело на Тамара Тодевска и Нино Васков, аранжманот е дело на НиноВасков, додека текстот е на Владимир Крстевски – Франц.

Од Горила продукција  најавуваат дека мошне скоро ќе се излезе долго очекуваниот албум„Еден Ден“, а  концертната турнеја започнува претстојниот викенд во Неготино – Клуб Хавана.