Поетесата Маријана Митревска ја издаде збирката поезија ,,Сите мои песни “



Поетесата Маријана Митревска од Ресен самостојно ја издаде збирката поезија ,,Сите мои песни “. Во книгата како главна инспирација се јавува ликот на нејзиниот идол Тоше Проески , потоа како инспирација се јавуваат христијанството , природните убавини кои ги поседува нашата земја и живиот свет.Песните ги преведувала и ги испраќала како во нашата земја така и надвор од неа , започнувајќи од Европа а потоа и на сите континенти се здобива со над 50 награди за само шест месеци.


Потоа како целосна збирка ја испраќа книгата на конкурсот ,,Книжевни меридијани ” во Битола и го освојува второто место ,,Душа на чаршијата” песните во книгата се емотивни и љубовни , издадени се по светски портали , антологии и списанија во Индија , Вашингтон (САД) и во многу други земји.Во моментов поетесата е на најголемата поетска манифестација која ја организираат од Босна и Херцеговина и од 52 земји учесници веќе е во третиот круг или во 250 најдобри писатели,за што очекува  понатамошни резултати или влез во полуфинале.Покрај поезија Митревска пишува и проза и хаику исто така е и текстописец на песни кои може да ги исполнува музички изведувач но за тоа ќе ни соопшти наскоро.Како што ни кажа веќе има спремна детска книга со детски песни за која се надева дека ќе излезе во блиска иднина.Во прилог локациите или девет градови  каде се продава нејзината книга ,,Сите мои песни ”

СКОПЈЕ :


КНИЖАРИТЕ НА ТОПЕР

КНИЖАРИ САКАМ КНИГИ


КНИЖАРА ПОЛИЦА

КНИЖАРА ИЛИ ИЛИ

БИТОЛА :

КНИЖАРА УРБАН (кокпит) Нов реонски пазар

КИЧЕВО :

КНИЖАРА КИЖЕ

РЕСЕН :

КНИЖАРА СИМ КОМЕРЦ

КНИЖАРА БЕЛО ГЛУВЧЕ

ГЕВГЕЛИЈА

КНИЖАРА НИЕ ПРОМ ДООЕЛ

НЕГОТИНО

КНИЖАРА БОНИГА

ОХРИД

КНИЖАРА ПРОСВЕТА

ВИНИЦА

КНИЖАРА КУТЛЕШ

ШТИП

КНИЖАРА МИСТ