Подобрете го видот вежбајќи ги очите



Видот слабее со долготрајно седење пред компјутер, гледање ТВ или некој друг екран од една проста причина – очите се заморуваат од постојано гледање на едно место, од близина и без трепкање.


Стануваат суви и се заморуваат очните мускули.

Личностите кои веќе имаат ослабен вид, со гледање во екранот силно ги напрегнуваат очите кои се уморуваат, а бидејќи нормално трепкаме 10 до 12 пати во минута и така ги влажниме очите, интензивното гледање само ги зголемува проблемите.


Ситуацијата е толку сериозна што ова е деценија кога најмногу деца бараат очила веќе во основното училиште. Затоа, еве кратки вежби кои е добро да ги правите на неколку саати ако работите на компјутер.

Трепкајте многу брзо 10 до 20 пати, без силно стегање на очните мускули, нежно. После тоа затворете ги очите и опуштете ги неколку секунди. Отворете ги и повторете го трепкањето, па мижењето и така уште неколку пати по ред.


На овој начин ги опуштате очните нерви, ги навлажнувате очите и го чувате видот.