Подароци за добри девојки



Добрите девојки имаат свои мали гревови, но не сакаат да зборуваат за тоа. Само се насмевнуваат мистериозно и ја менуваат темата.
Најдобрите девојки ја сакаат хармонијата која ја изградиле со себе и околниот свет.


Квалитетна био козметика

Комплетна био козметика, рачно приготвени сапуни, мали кеси со ароматични билки, природни состојки и сл. кое не содржи тајни штетни состојки, не штети на животната средина и е изработена рачно, со многу љубов.


Бисери

Малите подароци кои морето ги крие, ќе ја израдуваат секоја добра девојка. Нежен ѓердан, белегзија или пак еден бисер како симбол на љубов и ветување за морски спомени – тоа и треба на една добра девојка за Божиќ.


Книги

Добрите девојки сакаат да читаат. Сакаат да се смеат, да плачат и да воздивнуваат заедно со ликовите на книги, бидејќи можат да го соживуваат и доброто, и лошото во светот. Бегајте од популарната литература и бестселерите. Добрите девојки имаат и добар вкус за книги.

Тефтер

Добрите девојки не само што сакаат да читаат, сакаат и да пишуваат. Сопствените мисли, туѓите идеи, рецептите на пријателките, лични цртежи. Тие имаат потреба од навистина посебен тефтер кој ќе го собере сето тоа.

SPA

СПА процедурите не се за уживање, спа процедурите се чест подарок кој треба да го правиме на телото како благодарност за тоа што ни носи душата.

Дантелна долна облека

Не се чудете! Добрите девојки се добри во сè:)