Подарете среќа и љубов: РАЗГАЛЕТЕ СО ПОДАРОК



За да ја оствари својата мисија и да ја исполни својата смисла, подарувањето мора да претставува вистинско ужвање не само за оној кој го прима подарокот туку и за оној кој го подарува. Сѐ додека на изборот на подарокот е посветено внимание и љубов, без оглед на вредноста на подарокот, задоволството нема да изостане, а среќата ќе е обострана.


Не мора да постои причина за да сакаме да подариме нешто некому. Секојдневно можеме да подаруваме добар збор, насмевка, љубов, прегратка и сѐ што би можело да ги направи среќни нашите блиски и сакани.

Подарувањето е експресија на грижа, љубов, внимание, благодарност. Секое подарување и секој подарок има своја приказна. Затоа подароците се многу ценети и драгоцени за градењето близина и почитување.


Не постојат јасно стандардизирани правила на подарување, и нема ниту едно правило кое би можело да се примени во сите ситуации, за сите луѓе и на сите места на планетава.  Културата на подарување е дел од културата на едно поднебје, на една држава, народ или нација и тоа во одредено време, бидејќи тоа е процес што се менува и надградува.

pfz-1123-450x460


Чинот на подарување е различен во сите култури. На пример, во Кина кога се добива подарокот, учтиво е да се одбие неколку пати, а потоа да се прифати. Во Кинеската култура, враќањето  соподарок за добиениот подарок се смета за почит.

Во Јапонија пак, културата на подарување е длабоко поврзана со традицијата.  Овде поголем акцент се става на естетиката на подарувањето, односно на надворешниот изглед на подарокот. Завитканиот подарок не треба да отвора пред оној што го подарува, а  за да се изрази вистински интерес се поставуваат прашања во врска со  него. Вистинскиот начин на прифаќање на подарокот е со двете раце. За да се изрази почит, како и во Кина, на подарокот се враќа со подарок на кој пишува „O-kaeshi“ што значи „Благодарам“.

Малку поразлична од источните култури е нашата култура на подарување. Македонската популација сака да добива оригинални квалитетни подароци,  со премиум дизајн исо уметничка вредност, а во последно време доста популарно е подарокот да биде доставен на адреса како изненадување. Македонските подарувачи се внимателни и пребирливи, дури и кога имаат ограничени можности. Тие одбирањето на подарок го сфаќаат сериозно и сакаат да го одберат она во што другата личност најмногу ќе ужива, без оглед дали станува збор за бизнис подарок или за подарок наменет за луѓе од приватниот живот. Затоа, секогаш кога подарувате во Македонија водете се од желбата да ја „разгалите“ личноста на која и подарувате. И не заборавајте, за да имате убави спомени и искуства поврзани со чинот на подарување, обрнете внимание на амбалажата на подарокот. Купениот подарок мора да биде убаво спакуван, а тоа дополнително ќе му ја зголеми вредноста, естетската но и секоја друга.

Украсните кутии се особено погодни и интересни, затоа што од една страна го штитат подарокот, а од друга страна, придонесуваат за  факторот на изненадување при отворањето. Додатоците на кутијата како што се машните се пожелен детаљ. Пакувањето на подарокот покажува дека за вас не е пресудно околината да ја види вредноста на подарокот, туку дека целиот ваш труд е насочен кон задоволството на оној кој го прима подарокот. Токму поради тоа нашите подарувачи имаат најдобри резултати и најубави спомени и искуства.

pfz-1125-450x460Подарете магија

Доколку сакате навистина оригинален и уникатен подарок, кој ќе ја пренесе вашата порака на најавтентичен начин, вистинското место за вас е новата онлајн продавница WOW Box, www.wowbox.mk

Подарокот можете да го купите на илјадници места, но единствено тука можете да го добиете  во прекрасно декорирано и квалитетно брендинг пакување со персонализирана порака и посвета на картичка со мотиви на врвната македонската уметница Жани Гелевска – Велјаноска, што подарокот ќе го направат единствен и навистина личен.

Вредноста на подарокот не се мери според цената. Има нешто многу повеќе од тоа: вниманието, љубовта и приказната вткаени во креирањето на подарокот се многу поголеми и позначајни вибрации кои му ја даваат вредноста на подарокот.

Затоа, без разлика дали вашиот подарок има за цел да биде  деловен манир, љубезен гест, израз на љубов, почит или благодарност, со сетовите на WOW Box кои се несекојдневен избор, ќе оставите впечаток за паметење и ќе предизвикате воодушевување кај примателот.

WOW Box подарокот зборува од срце.