По неколку минути, го исклучи компјутерот, ги избриша солзите и прегрна синчето. Ништо не кажа…



ДОКТОРОТ


– Докторе, тука ли сте? Ми треба помош. Докторе, одговорете на поракава ако сте до компјутер, исклучен ви е телефонот. Докторе, во рака држам жилет, малку фали… одговорете проклет да сте… докторе!!!
– Зошто ви е жилет?
– Тука сте!!! Фала Богу!!! Мислев дека е готово со мене.
– Зошто ви е жилет?
– Да ги пресечам проклетиве вени ете зошто
– Зошто би ги сечеле?
– Зашто се полни со крв ете затоа.
– Па така треба… да се полни со крв, нели?
– Не докторе, ви ја знам финтата. Сакате да ме зазборите нели? Е нема да ви пројде таа финта, нема.
– Зошто не сакате да си збориме?
– Докторе, јас се распаѓам овде, не ми е до зборење.
– Ако молчиме ќе помогне?
– Ме излудувате докторе. За молчење ли се јавив јас? Што ви е на вас? Некој нов трик пробувате на мене?
– Не. Зошто ви е тешко? Зошто сакате да си ги сечете вените?

Продолжува на следната страна:


Страни: 1 2 3